Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПетти ден штрајк на УПОЗ

Петти ден штрајк на УПОЗ

Судската администрација и денеска продолжува со штрајкот. Пред основниот суд скопје 2, службениците бараа поголеми плати, скопска единица и денска бојкотира.

Судската администрација работи само на итните предмети во кои е определена времена мерка и во кои има странски елемент. Од УПОЗ најавуваат радикализација на штрајкот и  обвинуваат дека надлежните и понатаму ги игнорираат.
Надлежните ја префрлаат топката. Министерот за правда, Валдет Џафери за вели дека министерството веќе постапило по овој случај и побарало од судскиот совет да изготви целосна анализа за барањата. Додека судскиот совет, вината ја гледа во законот донесен на 31 декември минатата година.
Револтот на вработените во судската администрација прерасна во штрајк, откако Собранието донесе пакет закони со кои се зголемија додатоците на плата за 35отсто за повеќе категории, но беа изоставени судската служба, судската полиција и вработените по закон за работни односи како хигеничари, шофери и телефонисти кои,  според УПОЗ, имаат најниски плати во Македонија.