Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПетта манифестација на „Твориме, создаваме и зборуваме на македонски јазик“

Петта манифестација на „Твориме, создаваме и зборуваме на македонски јазик“

Денеска скопското средно училиште „Арсени Јовков“ по петти пат ќе ја организира манифестација за заштита на македонскиот јазик „Твориме, создаваме и зборуваме на македонски јазик“ која ќе се одржи во Драмскиот театар. Настанот ќе биде исполнет со соодветни драматизации преку кои ќе се претстави употребата на македонскиот јазик во литературата, во македонскиот филм и музика како и во секојдневната практика, вклучувајќи ги сленгот и дијалектите.


„Да ги почитуваме дијалектите, сленгот и жаргонот како негово богатство, но да не дозволиме тие да ја нарушат неговата автентичност. Младите се нашата иднина, тие ќе го пренесат на своите поколенија она што ние денес го градиме, негуваме и чуваме. Да ги научиме на патот кон нивното созревање да ја осознаат светлата точка и значењето на нивниот идентитет – македонскиот јазик“, изјави Јованка Аспровска, директор на  „Арсени Јовков“.


 

Централно место ќе заземе изведбата на претставата „Автобус Јутонг“, по текст и режија на професор Розита Закева.