Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПетровец доби двојно тениско игралиште

Петровец доби двојно тениско игралиште

Проектот на Владата за изградба на 120 тениски игралишта на територијата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт напредува во нагорна линија.  Денеска и официјално беше пуштено во употреба двојното тениско игралиште во ОУ „Кочо Рацин“ во населбата Петровец.

Марјан Спасески, директорот на Агенцијата за млади и спорт истакна дека игралиштето е изградено по сите стандарди и има сертифицирана подлога со ограда од три метри и рефлектори за осветлување. Премиерот Груевски, пак, изјави дека ќе продолжи изградбата на цврста и стабилна инфраструктура во Петровец, со што би им се овозможил полесен живот на граѓаните.

тенис1

Досега се изградени 44 тениски терени ширум Македонија, а 31 се во фаза на изградба.