Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПетмина граѓани се водат за исчезнати – три се малолетнички

Петмина граѓани се водат за исчезнати – три се малолетнички

Пет девојки и жени се пријавени за исчезнати, информира Министерството за внатрешни работи. Поголемиот дел од пријавите се случиле вчера.

Вчера во ПС-Неготино, С.М. (57) пријавила дека на 1 септември 2016 година од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 16 годишна внука.

Во ПС-Тетово, Е.М. (45) вчера пријавил дека на 27 август годинава од домот во непознат правец се оддалечиле неговата сопруга Л.Е.(42) и неговата 16 годишна ќерка.

На 1 септември во ПС – Кисела Вода, С.Д. (54) пријавил дека на 31 август годинава од домот во непознат правец се оддалечила неговата 15 годишна ќерка.

Вчера во ПС-Бит Пазар, И.И. (46) пријавил дека на истиот ден околу 11 часот од домот во непознат правец се оддаличила неговата мајка Ф.И. (85).

МВР превзема мерки за пронаоѓање на лицата.