HomeДЕНЕШНАСветПЕТА со шокантна кампања, натера луѓе да пијат млеко од куче

ПЕТА со шокантна кампања, натера луѓе да пијат млеко од куче

peta

Здружението за заштита на животните ПЕТА спроведе уште една шокантна кампања со цел да посочи дека кравјото млеко не е корисно за луѓето бидејќи на фармите кравите се трујат со антибиотици и се третираат на суров начин за да се зголеми процентнот на молзење. Токму затоа решија да ги шокираат минувачите преку наводна рекламна кампања со тоа што им дадоа избор на повеќе млечни производи.

Случајните минувачи даваа различни оценки за млекото, дали е вкусно, колку мислат дека е маслено и слични маркетиншки одреби, но потоа следеше шокот откако им беше „откриено“ дека всушност станува збор за млеко од куче.

Дел од тие што се напија целосно се згрозија и за малку не повратија. На крајот на експериментот претставниците на ПЕТА им открија дека не станува збор за кучјо млеко, туку млеко од соја, и дека главна цел била да им се посочи дека било кое млеко по завршувањето на доењето кај луѓето е непотребно, па дури и штетно.

POST TAGS:
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com