Monday, Dec 18, 2017
HomeАНТИСТРЕСПет правила за совршена фигура

Пет правила за совршена фигура

Пред ручек испијте чаша вода, или изедете нешто ситно

Научниците објаснуваат дека чувството на глад настанува поради хормонот грелин, а кога почнувате да јадете потребни му се 30 минути за да се намали неговата количина. Затоа е потребно да јадете што поспоро. Доколку се напиете чаша млака вода или ако изедете нешто како ужина за време на ручекот количински ќе изедете помалку

За време на оброкот не пијте сокови

Хормонот лептин е заслужен за чувството на ситост бидејќи тој му ,,јавува” на мозокот дека сте најадени кога организмот ќе добие доволно количина енергија од хранта. Но, ако пиете сок за време на оброкот, шеќерот го прекинува сигнализирањето и нема да знаете кога сте навистина сити, ќе продолжите да јадете.

Влакна

-Го подобруваат работењето на дигестивниот тракт и го поддржуваат чувството на ситост. Затоа, многу е важно да внесувате храна полна со влакна, посебно за појадок

body

Важно е како јадете

Сконцентрирајте се исклучиво на храната, јадете на маса со исправени раменици и не гледајте телевизија, не допишувајте се…сите тие активности ќе ве натераат да јадете брзо и количински повеќе што би влијаело лошо на вашата фигура

Спорт

Секојдневната физичка активност е од исклучително значење, понекогаш се доволни и 10 минути. Освен што тоа позитивно влијае на фигурата, вежбањето позитивно влијае и на вашето здравје