Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПет македонски судии ја добија правдата во Стразбур

Пет македонски судии ја добија правдата во Стразбур

Пет македонски судии ја дочекаа правдата во Стразбур. Државата треба да им плати оштета од по 4 000 евра на пет македонски судии плус надомест за судски трошоци. Европскиот суд за човекови права ја донесе одлуката која е во корист на Снежана Геровска Попчевска, Гоце Јаксовски, Мирослав Трифуновски, Иво Поповски и Виолета Дума.

Сите судии пред европскиот суд се пожалиле дека за нивното разрешување немало фер сослушување, им биле прекршени основните човекови права и имало влијание на судската во извршната власт. Во образложението од Судот се вели дека поплаките на судиитте за нефер сослушувања и влијанија на извршната власт врз одлуките на Судот да бидат отстранети од Судскиот Совет се оправдани.

Сите судии во 2007, 2008 и 2009 ги загубиле своите позиции во Судскиот совет. Тие се жалеле пред другите судски инстанци, како Управниот и Врховниот Суд, но безуспешно, по што следела тужбата пред Судот во Стразбур за прекршување на нивните човековите права за фер судење.