Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПет лица загинаа во верижен судар на 40 возила

Пет лица загинаа во верижен судар на 40 возила

Во верижен судар на неколку десетици возила на приморскиот автопат во Словенија, меѓу Сеножече и Нанос во правец на Љубљана, според неофицијалните податоци загинале пет лица, а повеќе се повредени, јави СТА.

Во полициската управа Копра наведуваат дека сообраќајната несреќа ја предизвикала слабата видливост поради маглата. Во оваа полициска управа велат дека се судриле меѓу 30 и 40 автомобили и товарни возила. Сообраќајната несреќа се случила околу 14 часот.