Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСПет лекции кои вашето куче секојдневно „ви ги предава“ за да ги научите

Пет лекции кои вашето куче секојдневно „ви ги предава“ за да ги научите

Неизмерен факт е дека кучињата знаат да бидат поверни пријатели од луѓето, но исто така и можеме многу да научиме од нив ако им обрнеме малку повеќе внимание во нашето слободно време. Ова се петте лекции кои овие мили суштества секојдневно ни ги пренесуваат.

1.ГАЛЕТЕ ГО ВАШЕТО МИЛЕНИЧЕ – Ако има нешто што може најбрзо да ви го намали стресот, да ви го стабилизира крвниот притисок па дури и да ви ја подобри меморијата, тоа е милувањето на вашето куче.

2. „СЕГА“ Е ЕДИНСТВЕНАТА ВРЕМЕНСКА ОДРЕДНИЦА – Кучињата не го мерат времето, сѐ што прават и сѐ што регистрираат околу нив го прават во моментот. . Тоа треба да биде репер и за нас луѓето, да истражуваме за нешто што нѐ интересира и да го бараме она што нѐ инспирира.

kuce13. ЕДНОСТАВНИОТ ЖИВОТ Е СОСЕМА ВО РЕД – Навистина, кучињата се радуваат на малите нешта. Ако се најадени, наспани и прошетани, тогаш се најсреќни. И ние треба да научиме дека за среќа навистина е малку потребно.

4. НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН –  Некои се мали, некои преголеми, некои дебели, некои ‘рчат, некои се мрзливи – исто како нас луѓето. За сеќа, таквите маани кај кучињата не претставуваат никаков проблем, па не треба ни за нас.

5. ИГРАЈТЕ СИ, ИГРАЈТЕ СИ И САМО ИГРАЈТЕ СИ! – Кучињата си играат постојано. Луѓето тоа не го прават затоа што се презафатени од сериозниот живот. Само кога би можеле луѓето само да сфатат дека озбилниот живот преку игра би бил многу позабавен и помалку стресен.