Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПет косовски пратеници добија 30-дневен притвор

Пет косовски пратеници добија 30-дневен притвор

Пет пратеници од косовскиот парламент добија 30-дневен притвор. Судот во Приштина одреди притвор од 30 денови, а мерката јавување во полиција е одредена за четворица. Притвор е одреден за Фисник Исмаили, Аљбуљен Хаџиу, Доник Кадај Бујупи, Пал Љекаја и Беса Бафтиу, јави РТК.

Членовите на опозицијата нагласуваат дека таквите одлуки нема да ги спречат од нивните цели во одбрана на Косово. Мерките се одредени за пратениците во врска со инцидентот за време на седницата на парламентот кога беа фрлени во три наврати солзавци, а полицијата приведе 10 пратеници.