Monday, Mar 27, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПет години затвор за возачот кој ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска – Павлоска

Пет години затвор за возачот кој ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска – Павлоска

Пет години затвор му одреди судот на возачот Бојан Блажевски, кој на 9 јули годинава ја прегази новинарката Сузана Тодоровска-Павловска кај трговскиот центар Зебра во Скопје. Во крвта на Бојан Блажевски по несреќата биле пронајдени 1,52 промили алкохол, а во урината 2,41. Кај него биле констатирани и траги од наркотична дрога канабис.

Блажевски на претходното рочиште ја призна вината и изрази каење за она што го сторил. Семејството на новинарката Сузана Тодоровска – Павлоска е незадоволно од пресудата – пет години затвор. Адвокатот на семејството, Јанаки Митровски изјави дека во никој случај ниту тој како бранител, ниту најблиските на новинарката се задоволни од висината на санкцијата.