Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПешак прегазен во Куманово – Возачот побегнал, па се предал

Пешак прегазен во Куманово – Возачот побегнал, па се предал

Пешак од Куманово го изгуби животот откако бил прегазен со автомобил преминувајќи ја улицата „Гоце Делчев“ во непосредна близина на Гарнизот. Според неофицијални сведоштва пешакот бил удрен со автомобил БМВ кој од семафорите се движел со голема брзина. Несреќата се случила вчера околу 21:30 часот. Возачот најпрво побегнал од местото на несреќата, а подоцна и се предал на полицијата. Според полицискиот извештај станува збор за лицето М.М(1984.) од с.Сепот кој го прегазил Драгољуб Б.(1949) од Куманово.