Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПешак и мотоциклист тешко повредени во Велешта

Пешак и мотоциклист тешко повредени во Велешта

Пешак и моторџија се тешко повредени во две одвоени сообраќајни несреќи што се случија вчера во Велешта, Струшко.

Во 17.10 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во селото Велешта, автобус „сетра“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.К.(1971) од Велешта удрил во велосипед со мотор „томос“ без регистарски ознаки, управуван од Б.А.(1964) од селото Корошишта. Возачот на велосипедот со мотор се здобил со фрактура на ребра и е пренесен во Медицинскиот центар во Струга, од каде е префрлен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар во Скопје.

Десет минути подоцна на истиот пат се случила сообраќајна незгода во која Б.Х.(1976) од Велешта, управувајќи „мерцедес“ удрил во пешакот К.В. (1954) од Велешта. Во незгодата К.В. се здобила со фрактура граден кош и други фрактури и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Струга, е префрлена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипи од полициската станица во Струга.