HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПешак прегазен на автопатот Гостивар-Тетово, возачот побегнал

Пешак прегазен на автопатот Гостивар-Тетово, возачот побегнал

Од СВР Тетово соопштуваат дека Н.О.(78) од гостиварска Горна Бањица загинал во сообраќајна несреќа што вчеравечер во 20 часот и 25 минути се случила на автопатот Гостивар – Тетово спроти спортската сала кај Пирок, информираше портпаролот Марјан Јосифовски.

Смртта кај починатиот ја констатирал дежурен лекар од службата за брза помош кој пристигнал на местото, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

– Истрагата работи на утврдување на идентитетот на возачот и идентификување на возилото што учествувало во сообраќајката, како и се друго поврзано со неа, посочи Јосифовски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com