HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПеп подготвен да оди до крај, рекордна сума за дефанзивец!

Пеп подготвен да оди до крај, рекордна сума за дефанзивец!

Каталонецот го обнови интересот за стоперот на Јувентус, овој пат подготвен да ги помести границите. Пеп летото нудеше десетина милиони помалку, а сега е подготвен да ја зголеми понудата за 29-годишниот стопер. Како што пренесуваат англиските медуми, Гвардиола е крајно сериозен во намерата да го доведе Леонардо Бонучи и е подготвен да понуди дури 50 милиони фунти, односно околу 58 милиони евра за негов трансфер.

Капитенот Венсан Компани изгледа доживеа нова повреда, на првиот натпревар после враќањето на теренот и изгледа тешко ќе успее да се врати во старата форма. Тоа го натерало каталонскиот експерт повторно да побара од управата да му го доведе одличниот дефанзивец на Јувентус кој летото му беше голема желба. Сепак, Јувентус тешко дека ќе се откаже од својот организатор на играта од последната линија, посебно не на средина на сезоната, односно во јануарскиот трансфер период, но ќе видиме што ќе се случи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com