Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПензионерите мирни – Приватните пензиски фондови полни

Пензионерите мирни – Приватните пензиски фондови полни

Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување денес го презентираше годишниот извештај за 2014-та според кој во задолжителните приватните пензиски фондови на располагање има 537 милиони евра капитал, што значи дека расте бројот на осигуреници за околу 10 проценти годишно во двата столба.

mapas1

„Во вториот столб во текот на 2014 година беа инвестирани околу 4.5 милијарди денари, кои заедно со акумулираните средства беа инвестирани според законските прописи. Вредноста на средствата на задолжителните пензиски фондови за една година порасна за 23% и достигна околу 537 милиони евра“ соопшти д-р Булент Дервиши, Претседателот на советот на експерти на МАПАС.

Агенцијата извести и дека оваа година се донесени значајни правилници кои го регулираат работењето на приватните пензиски фондови во делот на работата на инвестициите, маркетингот, улогата на агентите, како и поедноставени процедури за следење на осигурениците и правилна евиденција.

Граѓаните имаат на располагање два доброволни пензиски фондови во кои може да инвестираат за својата иднина и МАПАС работи на контрола на располагањето со овие пари и штитење на интересите на осигурениците.