Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПензионерите ќе се офајдат со 621 денари, ќе трошат на лекови и внуци

Пензионерите ќе се офајдат со 621 денари, ќе трошат на лекови и внуци

Пензионерите од денес ќе започнат да ја добиваат пензијата која е зголемена за 5 %, односно секој ќе зема по 621 денари повеќе. Покачувањето најдобро ќе им дојде на пензионерите со ниски примања кои се и хронично болни и многу пари месечно трошат на лекарства, а ќе остане и некој денар плус за внуците.

Од Владата на Република Македонија посочија дека со најновото зголемување просечната пензија изнесува 13 илјади денари или за 70 % повеќе во однос на 2006 кога изнесувала околу 7 илјади. Следното покачување за 5 % е планирано за октомври 2016 година и за тоа веќе се мисли за обезбедување на финансиските средства во Буџетот.