HomeДЕНЕШНАПолитикаПензионерите бараат оставка од Аргировски: Ги стави здруженијата во функција на политичка партија

Пензионерите бараат оставка од Аргировски: Ги стави здруженијата во функција на политичка партија

dragi-argirovski

Оставка од претседателот на Сојузот на пензионерите, Драги Аргировски побараа денеска струмичките пензионери. Пензионерите се кренаа против претседателот откако потпиша Меморандум за соработка за претстојните парламентарни избори со лидерот на владеачката ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски. Според нив Аргировски ја злоупотребил доверената функција и го прекршил статутот на Сојузот, бидејќи здруженијата на пензионери ги ставил во функција на политичка партија.

„Пензионерите се повредени и револтирани бидејќи Аргировски се стави на страната на политичка партија што е спротивно на интересите на пензионерите. Како Сојуз може да потпишуваме Меморандуми со Влада или министерства, но не и со политички субјект и тоа во предизборен период. Со тоа е прекршено уставното право на секој пензионер за самоопределување“, подвлече Данче Даскаловска, претседателка на здружението од Струмица каде членуваат 10.250 пензионери. Даскаловска истакна дека Извршниот одбор на Сојузот веќе дискутирал на оваа тема и на следното Собрание не се исклучува можноста да биде покрената постапка за разрешување на Аргировски.

Реакција имаше и од кумановските пензионери.

„Ние бараме извршниот одбот на Сојуз на пензионери на Македонија да ја преиспита одлуката и да се раскине меморандумот со политичката партија. Нашата соработка треба да биде со Владата и владините министерства, кои треба да даваат бенифит и подршка на проектите на Сојуз на пензионери на Македонија, а не на одредена политичка партија. Ова посебно го осудуваме бидејќи е потпишано во предизборен период, со што се насочуваат нашите пензионери за кого да гласаат, – вели Спирко Николовски, претседател на Здружението на пензионери Куманово.
Тој додава дека во кумановското здружение членоваат пензионери од најразлични партии и секој има право и слободно да одлучува за кого ќе гласа, а доколку не се раскине меморандумот, дополнително ќе одлучат што ќе преземат.

Деновиве реагираа и пензионерите од Радовиш, Прилеп и Штип. Тие јавно се оградија од Меморандумот и побараа оставка на претседателот бидејќи со потпишаниот договор ги злоупотребил пензионерите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com