Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПендаровски: Не ни паѓа на памет промена на Уставот за нов договор со Бугарија

Пендаровски: Не ни паѓа на памет промена на Уставот за нов договор со Бугарија

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во Топ тема на Телма изјави дека ни на крај на памет не им е да прават промени во Уставот или пак да се склучи нов договор со Бугарија туку да се создадат услови за спроведување на тој што беше потпишан во 2017 година и да се овозможи слободен пат кон европската интеграција.

Во однос на Договорот склучен со Бугарија, вели дека нема потреба од некакви анекси.

„Македонија треба да го признае минатото, а Бугарија треба да ја признае реалноста“, рече Пендаровски.

Вели дека Германија има визија за регионот. Претседателот се надева дека историчарите ќе тргнат напред, откако беа во „замрзната“ ситуација.

Педаровски објаснува дека Македонија сепак, не го потценила Договорот за пријателство со Бугарија. Наведува дека тој отвори перспективи за нашата земја.