HomeДЕНЕШНАПолитикаПендаровски доби оправдување од СДСМ зошто не се појави на ТВ дуел со Попоски

Пендаровски доби оправдување од СДСМ зошто не се појави на ТВ дуел со Попоски

stevo pendarovski

Стево Пендаровски на митинг на СДСМ во Карпош го обвини својот противкандидат Никола Попоски во изборната единица 1 дека не се појавил на дуел, но потоа и тој не отиде на соочувањето кое се одржа во ТВ Нова. Сепак, СДСМ излезе со соопштение дека сите нивни кандидати се спремни за дебати и дека ТВ Нова претенциозно го претставила целиот проблем.

nikola poposki minister

„Во врска со тенденциозната реакција на ТВ Нова, којашто ја превземаа и други провладини медиуми, СДСМ посочува на објавените невостини. Во прилог на ова соопштение е одговорот на СДСМ (испратен вчера, 26.11.2016 г) на барањата на ТВ Нова коишто се доставени со различни термини за снимања или настапи во живо. Поради тоа што еден дел од термините се предвидени за во истиот ден, други за наредниот ден од денот во кој е испратена поканата, СДСМ побара прецизна покана во која точно ќе бидат наведени термините, соопшти СДСМ.

Без оглед на причините и оправдувањата гласачите на два пати испуштија можно соочување меѓу Пендаровски и Попоски, па се надеваме на трета среќа во интерес на демократијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com