Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈПекинг ќе прави мега спектакл на Зимските олимписки игри 2022

Пекинг ќе прави мега спектакл на Зимските олимписки игри 2022

Кина повторно доби огромна чест но, и обврска да организира мега спортски настан. Откако се покажа како одличен домаќин на летните игри во 2008, сега ја доби и кандидатурата за организација на Зимските олимписки игри во 2022.

Ова е чуден избор бидејќи Кина нема голема традиција во зимските спортови и успеа да ги победи скандинавците и северните држави во Европа, како и Канада и САД. Главен предизвик за Кина ќе биде креирање на вештачки снег на арените, а со оглед на најавата за буџет од 50 милијарди долари тоа може лесно да се надмине.