Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамПедроса славеше пред Маркез, Роси само десети

Педроса славеше пред Маркез, Роси само десети

Возачот на Хонда Дани Педроса победи на трката за Големата награда на Шпанија на патеката Херез.

Четвртиот круг на Мото ГП шампионатот, Педроса го заврши пред тимскиот колега Марк Маркез, додека третото место му припадна на Хорхе Лоренцо, возач на Дукати.

Педроса немаше проблеми со 53 триумф во кариерата, и постави еден многу значаен рекорд, во 12-та по ред сезона во “Премиер класата” има остварено барем по една победа.

Меѓу првите десет во Херез се најдоа Жарко, Довициозо, Виналес, Петручи, Фолгер, Еспаргаро и Роси.

И покрај слабиот резултат, “Докторот” остана на чело во генералниот пласман со 62 поени, Виналес има два помалку, додека Маркез беше трет со 58.

Оваа година Мото ГП шампионатот продолжува со трката за Големата награда на Франција во Ле Ман на 21 мај.