Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПедро ја напушта Барселона – Англија е следна негова дестинација

Педро ја напушта Барселона – Англија е следна негова дестинација

Шпанскиот репрезентативец и играч на Барселона, Педро Родригез, одлучи од следната сезона да се приклучи во редовите на Челси, пренесува Каталонскиот весник „Спорт“.

Иако Арсенал важеше за главен иницијатор за донесување на Родригез во клубот, по неговото одбивање на „топџиите“ веднаш по него се впушти противничкиот тим од Лондон со кои, според неофицијални информации, веќе се договорени условите за работа.

Со оглед на тоа што договорот на Педро со Барселона сè уште важи, Челси би требало да плати 30 милиони евра за раскинување на тој договор.