Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПечките на „Југохром“ се гасат поради презагаденоста на воздухот

Печките на „Југохром“ се гасат поради презагаденоста на воздухот

„Југохром Фероалојс“ од Јегуновце на 31-ви овој месец ќе ги исклучи двете печки што се во функција и нема да работи до крајот на февраури следната година, соопшти денеска управата на компанијата.

Оттаму велат дека одлуката била донесена доброволно и дека имале слух за состојбата со загадувањето на воздухот во Тетово иако тие остануваат на ставот дека нивната фабрика не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот.

Управата на „Југохром“ информира дека паралено со прекинот на работата ќе продолжат со сите планирани и веќе договорени активности за целосна примена на сите еколошки стандарди согласно законските прописи односно воведување на системот за отпрашување во планираниот рок.