Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПечалбарот од Кичево убиен за 200 евра

Печалбарот од Кичево убиен за 200 евра

Полицијата успеа да го расветли убиството од пред некој ден во Кичево каде 70 годишен печалбар беше пронајден мртов во својот дом. Станува збор за убиство извршено од двајца разбојници кои очекувале богат плен од печалбарот но, нашле одвај 200 евра и евтина бижутерија. Осомничени се Ервин З. и Семир Ф. од Кичево кои старецот го претепале до смрт, па изречен им е притвор од 30 дена.