HomeДЕНЕШНАРепубликаПазар сред училиште, само во Валандово, тврди СДСМ

Пазар сред училиште, само во Валандово, тврди СДСМ

Опозициската СДСМ реагира на бизарното преместување на пазарот во двор на основно училиште во Валандово кое е извршено без воопшто да се почитува никаков закон и процедури.

„Граѓаните на Валандово се шокирани од оваа гледка. Погледнете, тезгите од градскиот пазар се монтирани во школскиот двор на основното училиште „Јосип Броз – Тито”. Нормалното одвивање на наставата и целиот образовен процес во ова училиште е доведен во прашање. Дислокација на градскиот пазар во училишниот двор е извршена без почитување на било какви законски процедури и правила, без консултација со родителите, наставниците и учениците“, посочи Перо Костадинов од СДСМ.

Од градоначалникот на општина Валандово, Николче Чурлиновски бараат итно решение на овој проблем и пронаоѓање на соодветна локација која ќе биде поволна и за продавачите на тезгите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com