HomeДЕНЕШНАРепубликаПавлопулос: Македонија е една и грчка

Павлопулос: Македонија е една и грчка

133392943-82702

Македонија е една и е грчка, го повтори својот став грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, овој пат од церемонија во Костур, каде што беше прогласен за почесен граѓанин.

Во својот говор во црквата во Костур тој ја истакна потребата од „национално единство затоа што секоја поделба е нож во срцето на земјата“, осврнувајќи се на граѓанската војна и нејзините последици. Павлопулос рече и дека братот на неговата жена се борел во Костур каде бил убиен и закопан.

– Денешната годишнина ја инспирира безвременската лекција, но е и конечен одговор на фалсификаторите на историјата, како што рече покојниот Константинос Караманлис дека Македонија е една и грчка. Денес ја славиме 104-годишнината од ослободувањето на градот Костур од турскиот јарем, што придонесе за конечната интеграција на Македонија во нејзината природна историска лулка, во нашето национално стебло, во нашата национална лулка, рече Павлопулос.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com