HomeДЕНЕШНАРегионПавлопулос до Обама: Македонија ја фалсификува историјата

Павлопулос до Обама: Македонија ја фалсификува историјата

obama-pavlopulos

Американскиот претседател во заминување Барак Обама кој денеска е во Атина, на почетокот на својата завршна европска турнеја се сретна со грчкиот претседател и премиер Прокопис Павлопулос и Алексис Ципрас.

Првата порака на американскиот претседател е дека од витално значење за САД и за НАТО е Европа да биде силна и обединета и дека НАТО е апсолутно клучен за безбедност и просперитет и дека трансатлантските односи се камен темелник за таа заедничка безбедност и просперитет.

Обама додал дека е сигурен дека неговиот наследник Доналд Трамп ќе продолжи по истиот пат. Павлопулос ја искористил приликата меѓу другото да ја критикува политиката на Македонија.

– Фактот е дека соседна земја бара име со кое освен што се фалсификува историјата, се шири иредентизам и директно подразбира промена на границите. Тоа е спротивно на европското и меѓународното право и таквото барање ја поткопува европската перспектива на оваа држава, изјавил грчкиот претседател.

Обама на грчките власти им порачал и рече дека на своите европски сојузници и натаму ќе им порачува дека мерките на штедење не можат сами да донесат просперитет. Им честитал на Грците за напредокот во процесот полн со предизвици.

– Реформите не беа лесни, но беа неопхдни за да зајакне економијата. Мојата порака и за остатокот од Европа е дека мерките на штедење не можат сами да донесат просперите, изјави Обама на прес конференцијата по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Според Обама неопходно е да да се намали долгот и да се примени стратегијата која ќе му помогне на грчкиот народ во текот на овој период.

Обама изрази надеж дека Грција заедно со Турција и другите заинтересирани земји ќе се охрабрат и ќе пронајдат решение за проблемот со Кипар, како и дека длабоко ја цени помошта што грчкиот народ им ја пружил на бегалците. Според неговите зборови, САД се обврзале да и помогнат на Грција во спроведувањето на програмата со која се ограничува приливот н мигранти. Грчкиот премиер пак рече дека Грција и покрај тешкотиите во последните пет години, ќе зајакне и ќе продолжи со реформите.

Следната станица на Обама е Германија каде ќе има средба со германската канцеларка Ангела Маркел, потоа со францускиот претседател Франсоа Оланд и со премиерите на Британија и на Италија, Тереза Меј и Матео Ренци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com