Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПатриотите со „потерница“ го бараат и Бочварски

Патриотите со „потерница“ го бараат и Бочварски

Штип денеска осамна излепен со лажни потерници за пратеникот во Собранието на Република Македонија од СДСМ, Благој Бочварски.

На „потерниците“, какви што „заработија“ и Богоевски, Туфегџиќ и Пендаровски, Бочварски се бара за предавство, односно, како што стои на нив, заради „прифаќање на редефинирање на државата и албанскиот јазик, промена на химната и знамето и воведување на казни од 5.000 евра за непознавање на албанскиот јазик“.

Изминатите два дена, лажни потерници со идентична содржина, беа излепени во неколку скопски населби.

„Потерниците“ се копија (и по дизајн и по текст) на тие што можат да се видат на интернет, како, на пример, за некогашниот американски претседател Џон Кенеди и доскорешниот станар на Белата куќа, Барак Обама.