Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПатнички авион на „Ер Алжери“ безбедно слета по „исчезнувањето“

Патнички авион на „Ер Алжери“ безбедно слета по „исчезнувањето“

Авион на компанијата „Ер Алжери“ на летот АХ1020, кој патувал од алжирската престолнина кон Марсеј побарал помош преку радио комуникација, а потоа исчезнал од радарите, пренесува Раша тудеј, повикувајќи се на онлајн сервисот кој ги слeди летовите „Флајтрадар24“.

Сепак, еден час подоцна утврдено е дека авионот безбедно слетал во Алжир и дека проблемот настанал во преност на комуникацијата како и следењето на сигналот. Авионот имал технички проблеми по што морало да се врати назад, а патниците се безбедни и подоцна ќе бидат пренасочени кон Марсеј.