Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноПатики од отпад и запленети мрежи

Патики од отпад и запленети мрежи

Отпадот во океаните сериозно му се заканува на живиот свет. А мрежите на рибокрадците не помагаат во неговото зачувување. Спортскиот бренд претстави навистина добра идеја. Adidas патентираше колекција на патики изработени од пластичниот отпад од океаните и сите нелегално запленети мрежи од водата. И двете се голем извор на загадување на водните површини а оваа идеја дошла во соработка со креативната организација за заштита на животната средина Parley For The Oceans.
patiki1
Последното запленување на мрежи од Интерпол беше во должина од 72 километри. Патиките ќе бидат креирани со рециклирана пластика и влакната од зелената запленета мрежа додека другиот дел ќе биде изработен од разградливи материјали. Во минатото Adidas на неколку пати беа обвинети за загадување на животната средина па ова е добра кампања и опција да ги замолчат тие кои ги обвинуваа за вакви чекори.
patiki2