Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПартиските адвокати на ВМРО-ДПМНЕ годишно заработувале по 300.000 евра, открива Милошоски

Партиските адвокати на ВМРО-ДПМНЕ годишно заработувале по 300.000 евра, открива Милошоски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот Фејсбук профил реагираше на прес конференцијата на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои објавија дека формирале Републички штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ кој има за цел да ја демократизира партијата.

Од Фејсбук профилот на Милошоски се поставува прашањето дали тој со ова признава дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, адвокати и други правеле огромни суми пари врз основа на партиската припадност и блискост.

Еве што напиша Милошоски.

Еден адвокат, во добрите времиња во 2013, 2014, 2015-та година како партиски правен застапник на куп државни претпријатија си правел околу 300.000€ годишен приход и си молчел, нит спомнал реформи, ни режим, се му било демократски; членовите не ги гледал, сите функционери ги фалел, а посебно лидерот.., стискање со двете раце!

Денес, секнало изворчето на адвокатот и одеднаш потребни биле реформи и демократија?! Но, на маката, се познаваат и јунаците, и доследните членови и интересџиите. Овие последниве кога имаат интерес викаат “ура”, а кога ќе дојде зорт време викаат “уаа”, свесно правејќи го тоа надвор, пред комшиите и политичките ривали, за штетата врз партијата да биде поголема! Ако.., нека се видат роговите.
На ВМРО-ДПМНЕ му треба освежување, реформирање, но не му треба лицемерие!

Чесните и достојни членови на ВМРО-ДПМНЕ 🇲🇰 знаеле да критикуваат , да укорат и да пофалат и во добри и во лошо, но го правеле тоа на начин и место што доликува на едно големо партиско семејство.

Но токму заради оние интересџиите, кои не се ни први ни последни безрбетници од основањето на ВМРО-ДПМНЕ до денес, баш заради таквите, потребни се суштински кадровски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, за да излеземе посилни, со сплотување на членството, со единството и целокупноста на партијата како заедничка врвна цел за следната изборна победа!

Член сум на ВМРО-ДПМНЕ од мојата 16та година, заради идеологијата, организацијата, заради Македонија, за конзервативните вредности и честа на моите предци загинати во Илинденскиот период! Така ќе остане се додека смртта не не’ раздели!