Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПартијата на Ердоган победи на предвремените парламентарни избори

Партијата на Ердоган победи на предвремените парламентарни избори

Партијата на Реџип Таип Ердоган останува на власт. Партијата на Правдата и развојот (АКП) победи на изборите во Турција со 49,35 отсто освоени гласови, покажуваат резултатите по пребројување на 100 % од гласачките ливчиња, јави турската телевизија НТВ. АКП успеа да го врати парламентарното мнозинство и таа ќе има 316 места во 550-члениот Парламент.

За главната опозициска Народнорепубликанска партија гласале 25,44 % од гласачите и таа ќе има 134 мандати во турскиот Меџлис. Партијата на националистичко движење освои 11,97 %, а за прокурдската Демократска партија гласале 10,59 %, со што го мина десетпроцентиот изборен праг.

Турција денеска забележа висок одзив на гласачи. На предвремени парламентарни избори излезеноста била 87 %.