Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПартиите се согласија – Решен статусот на професионалните војници

Партиите се согласија – Решен статусот на професионалните војници

По скратена постапка во Собранието на Република Македонија е изгласан новиот Закон со кој се решава работниот статус на 140 професионални војници чиј рок на служење во АРМ завршил, а сега ќе добијат можност за вработување до пензија во соодветните институции со тоа што ќе се издвојат 54 милиони денари годишно.

Предлогот сега е изгласан заеднички од сите партии иако опозицијата негодуваше зошто не доби подршка претходно кога имаше нивна иницијатива за решавање на овој проблем, туку власта ги краде добрите идеи. Со ова се пропушти шанса партиите заеднички да понудат решенија, наместо да се борат за политички поени.