HomeДЕНЕШНАПолитикаПартиите од албанскиот блок се загреваат пред официјалниот старт на кампањата

Партиите од албанскиот блок се загреваат пред официјалниот старт на кампањата

qwer

Дури една недела пред официјалниот старт на предизборната кампања, партиите од албанскиот блок започнаа со партиската промоција на своите платформи. Лидерот на ДУИм, Али Ахмети, во интервју за Радио слободна Европа вели дека по изборите Албанците ќе бидат потполно еднакви со Македонците.

„Албанците во Македонија со потпишувањето на Охридскиот договор добија слобода, но еден од приоритетите на ДУИ ќе биде таа слобода да се материјализира со еднаквост, бидејќи без целосна еднаквост слободата не може да биде се за што се надевале Албанците“ – порача Ахмети.

Ваквата реторика на Ахмети е лажен патриотизам – вели неговиот политички опонент, Мендух Тачи.

„Колку треба да чекаме за Али Ахмети да глуми и да стане противник на Македонцте, да оди да им ги отстранува таблите бидејќи биле само на македонски? После 15 години паите ги држи во џеб со се македонскиот јазик, а сега се обидува да ги тргне дека наводно се патриоти.“ – вели Тачи.

Изборната кампања започнува на 21 ноември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com