Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПартиите на координација кај Талат Џафери

Партиите на координација кај Талат Џафери

Претставници на политичките партии моментално се наоѓаат на координација кај претседателот на собранието, Талат Џафери, во пресрет на утрешната седница за избор на нов владин кабинет и нова владина програма, пишува „Фокус“.

Како што велат за Фокус собраниски избори, досега само БЕСА го информирала Џафери дека за координатор на пратеничката група го назначува Африм Гаши, додека останатите партии и коалиции што имаат над 5 пратеници се уште не формирале пратенички групи.

Нашите неофицијални информации говорат дека координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде Илија Димовски, на СДСМ Петре Шилегов, на ДУИ Ејуп Алими, а Алијансата за Албанците и ДПА нема да имаат право на пратеничка група.

Собранискиот деловник не прецизира дали пред седницата за избор на влада мора да се формираат пратенички групи, но упатените посочуваат оти треба да има координатори, бидејќи, меѓу другото, за нив е предвидена можност за подолго говорење.