HomeДЕНЕШНАСветПартиите ќе чекаат последни моменти да ги достават листите за пратеници

Партиите ќе чекаат последни моменти да ги достават листите за пратеници

glasac izbori

Повеќето од политичките партии најверојатно ќе го искористат последниот рок за поднесување на листи со кандидати за пратеници кој истекува на 11 ноември и имаат уште 4 дена да ги усогласат внатрешните политики за кадровски решенија.

Досега само СДСМ и ДПА ги составија листите на кои има мали изненадувања, но станува збор за комбинација на нови кадри со веќе докажани и познати политичари, па освен на пониските позиции и немаше видни шокирачки ротации.

Изборната кампања почнува на 21 ноември и ќе трае до 9 декември. Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com