Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПартиите ќе ги „пеглаат“ точките од новиот договор

Партиите ќе ги „пеглаат“ точките од новиот договор

Претставниците на четирите политички партии утре ќе одржат нова работна средба за допрецизирање на сите реформи кои се договорени во Јулскиот договор, како надградба на „Пржино“.

Треба да се утврдат сите законски измени за областа на медиумите, ингеренциите и мандатот на опoзициските министри во преодната влада, како и законот за МВР пред да бидат изгласани во Собранието.
Утрешната средба е како компромис по инсистирањето на власта во петокот да поминат сите закони договорени на 20-ти јули и ставот на опозицијата да не се усогласуваат во последен момент и на брзање особено медиумските закони затоа што се најчувствителни.

Од друга страна ДИК почна со работа околу последните измени за спорните гласачи. Оттаму велат дека Државната комисија ќе подготви упатства, формулар за пријавување и ќе објави јавен повик на својата страница, како и на страниците на дипломатско-конзуларните претставништва, за да може да прочитаат и оние македонски државјани кои живеат во странство. До вторник ќе бидат објавени и имињата на спорните гласачи.