HomeДЕНЕШНАПолитикаПартиите имаат 48 часа да ги поднесат сите документи кои им недостасуваат за изборната трка

Партиите имаат 48 часа да ги поднесат сите документи кои им недостасуваат за изборната трка

dik

ДИК синоќа ги утврди кандидатските листи на политичките партии и коалициите. Дел од нив немаат поднесено целосна документација и тие имаат рок од 48 часа да ги отстранат констатираните недостатоци.

Како што соопштија од ДИК, најголем дел од забелешките се однесуваат на достава на трансакциска сметка за изборна кампања, уверение за неосуденост, изјави и копии од лични карти на кандидатите и слично. Најмногу за забелешки Комисијата имала за листите на Социјалдемократската партија на Македонија која достави листа со имиња слични со кандидатите на СДСМ.

На 20 ноември со ждрепка ќе се утврди распоредот на кандидатските листи на гласачкото ливче за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com