HomeДЕНЕШНАПолитикаПартиите и коалициите го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори – дали ќе го испочитуваат?

Партиите и коалициите го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори – дали ќе го испочитуваат?

izbori-2016

Сите коалиции и политички партии кои ќе учествуваат на изборите, денеска потпишаа Кодекс со кој се обврзаа за фер и демократски изборен процес. Утре официјално стартува кампањата за предвремените избори за пратеници на 11 декември.

Кодексот го потпишаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој ја предводи коалицијата „За подобра Македонија“, лидерот на СДСМ Зоран Заев, од здружената опозициска коалиција, во име на ДУИ Изет Меџити, Мендух Тачи од ДПА, Гзим Острени од коалицијата Алијанса за Албанците, Ивон Величковски од ЛП, Стојанче Ангелов од Достоинство во име на Коалицијата ВМРО за Македонија, Павле Трајанов од Демократски сојуз за Коалицијата за промени и правда – Трет блок, Билал Касами од Беса, Здравко Савески од Левица и Мухамед Халили од ПДП.

На потпишувањето на Кодексот присуствуваа амбасадорите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, заменик амбасадорот на ЕУ и и шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и сите членови на ДИК и други претставници на партиите.

– Избори кои се фер и демократски и ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење придонесуваат за демократски развој на општеството. Сите ученици во изборите со своите активности го поставуваат фундаментот на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем на Република Македонија, истакна претседалот на ДИК Александар Чичаковски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com