Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПартиите ги усогласија условите за спроведување на договорот од Пржино

Партиите ги усогласија условите за спроведување на договорот од Пржино

Плодна средба на преставниците на партиите потписнички на договорот од Пржино. Според дел од преговарачите од власта усогласени се измените во Законите за Влада и за внатрешни работи, а и предизборната регулација за медиумите е веќе пред усогласување и се очекува на денешниот состанок да бидат затворени.

„По сето ова може да се каже дека сите услови за имплементација договорот од Пржино се исполнети. Треба да следуваат технички работи кои се предвидени во измените на Изборниот законик во врска со изборната листа“, изјави Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека на 31 август партиските лидери ќе треба само да констатираат дека се исполнети сите услови за да се одржат предвремените избори.

Дел од партиите најавуваат можност уште утре да се најдат на собраниска седница. Тенденцијата е да бидат изгласани до петок пред одморот на пратениците.