HomeДЕНЕШНАПолитикаПартијата МААК се враќа на политичката сцена – Дали има шанси на изборите?

Партијата МААК се враќа на политичката сцена – Дали има шанси на изборите?

14971357_10208887896969523_1566774438_n

Првоформираната политичка партија во земјава повторно ќе профункционира. Партијата МААК се враќа на политичката сцена на чело со нејзиниот прв претседател Страшо Ангеловски.

Иако партијата учествувала на сите изборни циклуси од воведувањето на повеќепартискиот систем во Македонија , па се до парламентарните избори 2002 година, никогаш не успеала да освои пратеничко место и да влезе во Собранието на РМ. По воениот конфликт во Република Македонија во 2001 година, на собрание на раководството, партијата го менува своето име од МААК – Конзервативна Партија во МААК – Единствена Македонска Опција (МААК – ЕМО). Паријата згасна по изборите во 2002 година, кога раководството го промени Страшо Ангеловски од претседателското место на партијата и одлучи партијата целосно да се припои кон ВМРО-ДПМНЕ.

Сега МААК повторно ќе оживее. Утре во општина Кисела Вода староновата партија ќе ја презентира својата платформа насловена: „11 причини за возобнова за МААК, 11 поводи за македонска акција, 11 столба на Република Македонија“. Партијата најавува битка за Македонија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com