HomeАЈНШТАЈНИЈААтласПарче од Берлинскиот ѕид со потпис на Реган продадено за приближно 300.000 долари

Парче од Берлинскиот ѕид со потпис на Реган продадено за приближно 300.000 долари

На аукција во Њујорк, одржана пред три дена, за сума од 277.500 долари е продадено парче од Берлинскиот ѕид на кое стои потписот на поранешниот американски претседател Роналд Реган.

Како што јави ТАСС, станува збор за аукција организирана од куќата „Кристис“ на која беа продавани лични предмети на Реган и на неговата сопруга Ненси.

Највисока цена на наддавањето од 319.500 долари достигна златен прстен со мали дијаманти, сафири и рубини поставени во форма на знамето на САД.

На аукцијата се понудени и некои од официјалните подароци што ги добивал Реган додека ја извршуваше функцијата претседател на САД од 1981 до 1989 година, меѓу кои се и сервис што му го подарила некогшната британска премиерка Маргарет Тачер, слика – подарок од кинеските власти и часовник за на работна маса, што му го подарил Френк Синатра,

Аукцијата на предметите на Роналд и Ненси Кенеди ќе продолжи и денеска. Сите средства заработени од наддавањето ќе завршат на сметката на Претседателскиот фонд „Роналд Реган“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com