Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПарното поевтинува за помалку од 1 отсто

Парното поевтинува за помалку од 1 отсто

Во текот на оваа пеколна летна сезона кога трошиме многу струја за разладување, мала утеха е веста за намалување на цените на парното греење, но за минимални 0,19 отсто од Балкан Енерџи Груп (БЕГ), а за 0,86 проценти поевтинува греењето преку на ЕЛЕМ енергетика. Трошоците за греење од Скопје-Север ќе останат исти. Димитар Петров, директорот на Регулаторната комисија за енергетика, исто така соопшти дека помала сума за 0,75 отсто ќе плаќаат и исклучените потрошувачи, .

Во претстојната грејна сезона корисниците на БЕГ бесплатно ќе добијат плус еден час греење односно, наместо од 6 до 21 часот ќе имаат парно од 6 до 22 часот. Новина е тоа што за евентуално порано почнување на грејната сезона, репер ќе бидат прогнозите на УХМР, а не како досега реалното мерење на температурата два дена однапред.