Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПатнички воз излета од шините, за среќа нема повредени

Патнички воз излета од шините, за среќа нема повредени

Патнички воз кој сообраќал на релација од Скопје кон Битола, синоќа околу 22 часот удрил во одрон на пругата помеѓу железничко стојалиште село Теово и железничко стојалиште село Согле. Од ударот направена е материјална штета на моторната гарнитура и истата е излезена од пругите.

Повредени патници и возен персонал нема. Од страна на полициски службеници патниците биле спроведени од местото на несреќата до село Согле од каде со автобус на МЖ биле пренесени до потребната дестинација.