Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПарламентот на Албанија одобри четворица нови министри

Парламентот на Албанија одобри четворица нови министри

Албанскиот Парламент денеска одобри четворица нови министри, кои беа предложени по реконструцијата во кабинетот, што беше направена за да им се даде можност на досегашните министри да учествуваат во кампањата за претстојните избори на 18 јуни.

Парламентот на Албанија гласаше во отсуство на пратениците од опозицијата.

Со реконструкцијата во кабинетот првпат во историјата на земјата се израмни бројот на жените и мажите во Владата.

Албанскиот Парламент ги потврди Фатмир Џафа за нов министер за внатрешни работи, Олгерта Манастерлиу за министер за здравство, Олта Џачка за министер за млади и социјална благосостојба, и Едвард Шалси за државен министер за локална самоуправа.