Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПарламентарните групи на координација

Парламентарните групи на координација

Во македонското Собрание денеска напладне треба да се одржи координативнасредба на парламентарните групи. Средбата е закажана по иницијативата поднесена од СДСМ со поднесување на потписите на 67 пратеници за продолжување на конститутивната седница.

Пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски рече дека тие го штитат принципот претседателот на комисијата треба да биде од редовите на партиите кои имаат парламентарно мнозинство. Тој истакна дека се уште не е разговарано дали претседателот на овој комисија ќе биде од СДСМ или од ДУИ.

Координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски по седницата изјави дека досега, секогаш претседателот на оваа комиија доаѓал од редовите на партијата која има добиено најмногу мандати. Тој истакна доколку останатите партии се согласат, тие се подготвени уште утре да го предложат и изберат претседателот на комисијата за избори и именување.

Според деловникот на Собранието, составот на комисијата за избор и именувања се избира на конститутивната седница. Но таа седница беше прекината на 30 декември, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.

Но околу партиципирањето на партиите во оваа комисија има несогласувања. Според СДСМ соодносот треба да биде по 5 члена за нив и за ВМРО ДПМНЕ, 2 за ДУИ и 1 од Беса. Додека пак ВМРО ДПМНЕ предлага тие да имаат 6 членови во комисијата, СДСМ 5, и по еден од ДУИ и од Беса.