Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПариз забрани влез на старите автомобили во центарот на метрополата

Париз забрани влез на старите автомобили во центарот на метрополата

Уште една мерка на Франција во борбата со загадувањето на воздухот, забрана за сообраќање на автомобилите стари над 20 години во центарот на метрополата, соопштува Le Monde. Тие нема да можат да се движат низ улиците на Париз по 1 јули оваа година.

По овој датум, возилата регистрирани пред 1997 година не ќе можат да се движат во градот, но само за време на викендите. И класичните автомобили не се исклучок. Оваа  мерка е проширена и за мотоциклите, односно за нив важи границата – регистрирани пред 2000 година. Предметните стари машини претставуваат само 10% од флота на Париз, но реално тие исфрлаат во атмосферата околу половина од штетните емисии, покажуваат пресметките на локалните експерти. Забраната беше донесена уште минатата година, но наиде на сериозен отпор. Мотивите беа дека таа ќе ги „удри“ најсиромашните жители на градот и нивниот личен транспорт. На крајот сепак промените се прифатени и влегуваат во сила од почетокот на следниот месец.

http://puls24.mk/upload/zanimlivosti/destinacii/paris03_wide.jpg

За да се олесни движењето на засегнатите жители на градот, управата на Париз ќе го подобри градскиот транспорт, односно ќе објави нови линии. Покрај тоа, владата на Франција веќе најави сериозни премии за возачите кои го заменуваат старото дизел возило за таков што се напојува со електрична енергија. Претстои и ставање на огромна флота на електрични скутери за изнајмување. Во земјата се воведува и систем кој ќе ги класифицира возилата во зависност од нивото штетни гасови, кои ги исфрлаат во атмосферата. Ќе се користат „обоени чипови“, преку кои машините ќе бидат поделени на шест категории. Во првата ќе се најдат електричните и водороднирте автомобили.

Забраната за 20 годишните автомобили е само првата мерка. До 2020 година во Париз ќе биде активирана забрана и за автомобилите кои се регистрирани пред 2011 година.