Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПариз Сен Жермен го „улови“ Ди Марија за 65 милиони евра

Париз Сен Жермен го „улови“ Ди Марија за 65 милиони евра

Аргентинецот кој помина една цела сезона на Олд Трафорд повторно ја смени својата фудбалска дестинација. Анхел ди Марија од гигантот Манчестер Јунајтед се префрли во редовите на францускиот првак Париз Сен Жермен.

Двата клуба и официјално го постигнале договорот за 27-годишниот Ди Марија вреден 65 милиони евра.

Само за потсетување, Аргентинецот минатото лето замина од Реал Мадрид и на „Олд Трафорд“ премина за 60 милиони фунти. Во исчекување е наскоро претставување во новиот клуб, а уште поголемо исчекување на нови, подобри резултати од сезоната 2014/2015 со оглед на тоа што во 27 одиграни натпревари постигна само три погодоци.