Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПариз и Лондон сплотени против 2.000 илегални имигранти во реонот на Ла Манш

Париз и Лондон сплотени против 2.000 илегални имигранти во реонот на Ла Манш

Шефот на британскиот Home Office, Тереза Меј и францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, вчеравечер во Лондон одржаа итен состанок на кој официјален Лондон и Париз се договорија за интензивирање на заедничките мерки во настојувањето да се спречи минувањето на илегалните имигранти, дојденци од Етиопија, Еритреја, Судан и Авганистан низ тунелот под каналот Ла Манш.

Причината за остварување на овие мерки е инцидентот предизвикан од страна на 2.000 илегални имигранти на француската страна кај градот Кале, кои се обиделе да упаднат насилно и да навлезат во вагоните на возовите кои постојано се движат низ тунелот под Ла Манш. Насилниот упад предизвикал оштетување на металната ограда. Во текот на овој инцидент биле повредени десетина имигранти, но не се соопштени други детали.

„Свесни сме дека е неопходно да се создадат услови за справување со проблемот што го создаваат криминалните банди, со шверцот на луѓе, настојувајќи да направат профит од човечката мизерија на луѓето од разни делови во светот“, рече Тереза Меј.